Мени

Маскираните продефилираа низ градот

11.05.2013 10:01 | KumanovoNews

 На Градскиот плоштад, синоќа продефилираа околу две илјади учесници, маскирани во фудбалери, пирати, пчелки, кловнови, принцези и уште многу други ликови од цртаните филмови и јунаци од телевизиските серии, на јубилејниот десети маскенбал “Батко Ѓорѓија 2013“.

Маскираните продефилираа низ градот

На манифестацијата учествуваа деца од градинката, ученици од основните и средни училишта, како и гостите од Струмица. За разлика од поединечните, групните маски ги имаше во многу поголем број.

Ние сме со индивидуални маски од нашите омилени приказни. Ликовите се од бајки, сказни, од филмовите како Покемон, Спајдермен, Бетмен, џуџиња, од се што им се допаѓа на децата - вели Снежана Стефановска, воспитувач во објект “Развигорче“ во градинка Ангел Шајче.

Од Секторот за спорт и култура во Општина Куманово велат дека секоја година има се поквалитетни маски. Оваа година се пријавиле 47 маски во кои учествуваат околу 1700 маскирани лица.

 Имаме маски во кои учествуваат по 120 до 150 деца. Сите маски со над десет учесника се групни, а другите се сметаат за поединечни. Воглавно маските се од основните училишта. Од средните училишта имаме една маска која е заедничка и со која се претставија на карневалот во Струмица. Имаме жири комисија која треба објективно да ги оцени маските - изјави Жика Крстевски, раководител на сектор за спорт и култура.

Наградените маски ќе бидат познати за неколку дена.

Маскенбалот “Батко Ѓорѓија“ се оддржува дестта година по ред под покровителство на градоначалникот и Советот на Општина Куманово.