Матејчанец се бори за живот, по удар со шише во глава
20.04.2011 14:34
| KumanovoNews
Џ.А.(22) од селото Матејче се бори за живот во Ургентниот центар во Скопје, откако вчера бил удрен со шише во глава, кај Зелениот пазар во Куманово.
Нападот се случил во сред бел ден, во 15.20 часот, на улицата „Трета МУБ„, спроти пазарот. Непознато лице се скарало со Џ.А., а потоа го удрило од зад грб по глава. Повредениот бил пренесен во кумановската болница, а поради сериозноста на повредата е пренесен на лекување во Скопје. Случајот во полиција го пријавиле лекарите, а се работи на откривање на насилникот.