Мени

Математичарите гo измерија знаењeто

18.02.2013 09:31 | KumanovoNews

  112 ученика од средните училишта од Куманово, Кратово, Крива Паланка и Свети Николе, учествуваа на регионалниот напревар по математика што викендов се оддржа во Гимназија “Гоце Делчев“.

Математичарите гo измерија знаењeто

Средношколците го измерија своето знаења од областа на математиката, а најдобри резултати покажаа домаќините и гостите од Крива Паланка.Натпреварувањето се одвивало две во категории на ученици.

 Категорија А е за гимназиско, а категорија Б за стручни училишта. Натпреварот траеше 150 минути, значи 2,5 часа. Не е нормативно, туку критериумско оценување на натпревар, тоа значи дека сите ученици што имаат од 85 до 100 поени ќе добијат прва награда. Има три награди и пофалници. Може да има повеќе ученици прва награда, и сите одат на државен натпревар - изјави Александра Арсовска, професор по математика во Гимназија “Гоце Делчев“.

Најдобри резултати на листите од гимназиското образование постигнаа: од прва година Бисера Пешевска од “Гоце Делчев“, Драгана Стефановска и Драгана Стојчевска од СОУ “Ѓорче Петров“ Крива Паланка. Во втора година најдобри се Јована Трајковска, Андреј Стефановски и Тамара Арсиќ од училиштето домаќин. Во трета година покрај Натали Велеска од СОУ “Ѓорче Петров“ се Лоди Додевска и Бојана Величковска од Гимназијата “Гоце Делчев“. Од четврта година гимназиско образование најдобри резултати имаат Лона Османи од Гимназија “Сами Фрашери“, Мирјана Ристовска од “Гоце Делчев“ и трет според бодови е Или Садику од “Сами Фрашери“.

Натали Велеска, ученичка во трета година во СОУ “Ѓорче Петров“ од Крива Паланка е на врвот на листата A, ја сака математиката и е задоволна од резултатот кој го постигна.

Многу сум задоволна од пречекот и организацијата. Сакам математика, уживам да решавам задачи. Не ми е прво учество, сум била на многу натпревари досега. Лани за малку не успеав да освојам трето место на државен натпревар. Годинава пак ќе одат на државен. На моите родители исто им оди математика, тоа ми е наследно. Алгебрата ја владее добро мајка ми, а татко ми е по геометрија - вели Велеска.

Сите оние ученици кои го освоиле потребниот број на поени ќе одат на државен натпревар кој ќе се оддржи месецов.

За разлика од гимназијалците, учениците од стручните училишта имаа послаби резултати.