Мени

Матичните лекари почнаа со ноќни дежурства

17.02.2011 16:45 | KumanovoNews

 Матичните лекари започнаа со ноќни дежурства во ординација на Здравствениот дом Куманово. Синоќа во периодот од 20 часот до полноќ, било организирано првото дежурство со матичен лекар, кој што ги примал пациентите што имале потреба од здравствена помош.

Матичните лекари почнаа со ноќни дежурства

По интервенција на Министерството за здравство, во понеделник беше наложено лекарите да започнат со работа или во спротивно ќе бидат санкционирани. Добив задача да направам список кој што им беше доставен, и по кој тие треба да започнат со работа - вели директорот Миомир Панковски.

Министерството за здравство уште на 11 јануари годинава, им наложи на матичните лекари да си ја преземат обврската кон своите пациенти, а Здравствениот дом да обезбеди просторни услови. Во меѓусебните препукувања матичните лекари го обвинија директорот Пановски дека требало да обезбеди услови за непречено одвивање на ноќните дежурства и ампуларна терапија .

Ординацијата во која што порано се организираа дежурствата им беше на располагање уште од настанување на проблемот. А, ампуларната терапија, кои ја бараат од нас  треба да си ја озезбедат самите, бидејќи тоа го имаат потпишано во договор со Фондот за здравство, исто како што имаат обврска и да организираат 24 часовна здравствена заштита на нивните пациенти-дециден е Панковски.

Во меѓувреме Здравствениот дом  ќе опреми уште една ординацијата во амбулантата во населбата Перо Чичо, каде исто така ќе се организираат дежурства. Проблемот со ноќните дежурства на пациентите од примарното здравство настана при карајот на мината година кога беше прекинат договорот со Ургентниот центар, по што пацентите останаа незгрижени ноќе, за викендите и празниците.

Во Куманово има 96 матични лекари, кои лекуваат околу 150 илјади жители.