Мени

Матурант од гимназија меѓу најдобрите на билингвална матура во државата

27.06.2013 07:05 | KumanovoNews

 Никола Тошиќ, матурант во Гимназија “Гоце Делчев“ покажал извонредни резултати на тестот на билингвална државна матура.

Матурант од гимназија меѓу најдобрите на билингвална матура во државата

Тој освоили второ место на ниво на Македонија и како награда ќе учествува на интензивен двонеделен курс по француски јазик во Франција.

Сo активно учење на француски јазик постигнав ваков резултат, но и со посветеност на другите предмети, математика и литература. Полагав три предмети, но најважен е францускиот јазик. Тој се вреднува највеќе, има најголемо значење. Како награда за постигнатите резултати ќе поминам две недели во Франција. Пет дена ќе бидам во Париз и остатокот во Виши, во централна Франција - изјави Никола Тошиќ.

Тој ќе престојува на престижен универзитет каде ќе ги збогати своите знаења во областа на францускиот јазик.

 Секоја година учениците од завршните години полагаат завршен успит кој вклучува француски јазик и уште два предмети по сопствен избор кои претходно ги слушале. Секоја година имаме добри резултати, но оваа година успехот е најдобар. Нашиот ученик Никола Тошиќ е втор најдобар на ниво на Македонија и ќе оди на двонеделен престој во Франција на товар на Институтот за француски јазик од Скопје - објаснува Лидија Тасевска, професор по македонски јазик.

Билингвалната паралелка како проект во Гимназија “Гоце Делчев“ постои веќе 12 години и придонесува за афирмирање на францускиот јазик меѓу младите.