Матуранти од „Наце Буѓони“ славеа со трубачи
16.05.2014 12:22
| KumanovoNews
Матурантите од “Наце Буѓони“ денеска на Градскиот плоштад со трубачи го славеа завршувањето на средното образование.
Тие велат дека матурирањето е важен настан во нивниот живот и затоа сакаат соодветно да го одбележат.
Излегуваме од една етапа и влегуваме во друга етапа од животот. Како што гледате сите се забавуваме, многу сме среќни и задоволни што завршуваме средно. 90 отсто од нас се изјаснија дека ќе продолжат на факултет и се надеваме дека и таму ќе имаме успех како и досега - изјави Ивана Стојановска, матурантка во “Наце Буѓони“.
Учениците од “Наце Буѓони“ во понеделник матурирањето ќе го прослават во ресторан.