Мени

Матурантите полагаат странски јазик од државна матура

13.08.2014 06:57 | KumanovoNews

Матуранти од Куманово, Липково и Кратово денеска полагаат странски јазик од екстерниот дел на државната матура во Гимназијата “Гоце Делчев“.

Матурантите полагаат странски јазик од државна матура

Се работи за матуранти, кои воопшто не полагале во првиот рок или паднале на тестирањето.

  Од Кратово имаме 4 ученици, од Липково 27 и од средните училишта од Куманово има најголема бројка 150 ученика кои полагаат француски, англиски, германски и руски јазик. Распоредени во 17 училници тие ќе полагаат странски јазик од екстерниот дел на државната матура. Тие на првото тестирање паднале или не дошле од оправдани причини. Сега тоа право можат да го остварат - вели Лидија Костиќ, психолог во Гимназија “Гоце Делчев“.

Учениците кои не положиле во првиот рок се надеваат дека денеска ќе имаат повеќе среќа.

 Не положив англиски првиот пат. Тестирањето беше тешко. За денеска не подготвував многу, но се надевам дека ќе положам - рече Сандра Божиновска, матурант од “Перо Наков“.

Оние кои денеска нема да положат ќе полагаат повторно во јуни идната година.