Матурантите се журкаа во Версај
Матурантите од Куманово, синоќа присуствуваа на матурската журка што ја организираше Општината Куманово.
Неколку стотини матуранти, се забавуваа на музика што ја пуштаа познати диџеи од градот и настапот на Александар Белов. Матурантите ги поздрави, и завршувањето на средното образование им го честиташе градоначалникот Зоран Дамјановски.
Во име на граѓаните на Куманово и од мое лично име сакам да ви посакам успех во понатамошното школување и во животот. Истовремено ви посакувам добредојде во големо семејство на полнолетни граѓани во најголемата општина во државата. Среќен сум и горд што секоја година го зголемуваме нашето јато со нови полноправни членови на градот и општеството. Куманово може да се пофали бидејќи има најголем број на матуранти и затоа ја правиме оваа дружба да ви остане во сеќавање- порача Дамјановски.
Матурантите се задоволни од вниманието на локалната самоуправа, и ветија дека на свој начин ќе се одолжат на градот, откако ќе го оформат високото образование.
Секоја чест за организацијата. Дождот малку ја расипа атмосферата, но битно е да се дружиме. Уште вечерва ќе славиме, а потоа не чекаат уписите на факултет.- вели една матурантка.