Матурантите утре полагаат мајчин јазик
07.06.2013 10:15
| KumanovoNews
Полагањето државна матура почнува утре во 10 часот со решавање на тестови по мајчин јазик.
Ние имаме 284 матуранти од кои само еден се пријавил за училишен испит, а сите други 283 ќе полагаат државна матура. Секоја година е така, учениците од Гимназија бираат државна матура, бидејќи потоа образованието го продолжуваат на факултет. Во вторник ќе има полагање по математика и странски јазик, зависно од тоа кој ученик што одбрал - вели Љубиша Николиќ, директор на Гимназија “Гоце Делчев“.
Оваа година во петте средни училишта во Куманово има вкупно 1640 матуранти.