Мени

Meѓуетничка сензитивност во културата

18.02.2011 10:23 | KumanovoNews

 Семинар е наменет за членови на Комисијата за односи помеѓу заедниците, Совет на Општина Куманово, Комисија за култура при Совет на Општина Куманово,  Секторот за култура при Општината и вработени во Културно-уметнички установи.

Meѓуетничка сензитивност во културата

Семинар на тема  “Meѓуетничка сензитивност во културата”  Куманово утре ќе се одржи во  ресторанот Грација. Семинар е наменет за членови на Комисијата за односи помеѓу заедниците, Совет на Општина Куманово, Комисија за култура при Совет на Општина Куманово,  Секторот за култура при Општината и вработени во Културно-уметнички установи. Од него треба да произлезат препораки за  подобрување на меѓу-етничката сензитивност при организирање на културни манифестации.

Здружение на граѓани Стреетс Фестивал, го реализира проектот  “Вклучи се за разновидност”, подржан од  UNDP, во состав на програмата  “Подобрување на  меѓуетнички дијалог помеѓу заедниците” спроведена од организациите на ОН, во партнерство со Општина Куманово.  Целта на овој проект е промовирање на меѓуетнички дијалог преку кампања за промоција и подигнување на јавната свест за меѓуетнички дијалог во културните случувања во Куманово.

Проектот активно се реализира веќе неколку месеци, преку музички и едукативни работилници за младинци со различен етнички состав, кои работат на промоција на меѓу-етнички дијалог, преку создавање на мулти-етнички музички албум.