Меѓународен конкурс за поезија и проза распиша “Симбиоза“
Клубот на книжевни творци “Симбиоза“ од Куманово распиша меѓународен конкурс за поезија и проза кој ќе трае до крајот на август.
На конкурсот можат да се пријават сите автори од земјава и странство со необјавени две песни, две кратки приказни или два афоризми на слободна тема, кое не треба да се подолги од 28 реда.
- Творбите да ги потпишете со ваше име и презиме како доказ за вашето авторско право. Кратка биографија - по неколку реда од секој поет. Творбите секој учесник ги праќа на свој јазик македонски, српски, хрватски, босански, а доколку создавате на другите јазици пратете ги во оргинал, англиски, француски и италијански и пратете превод или препев на еден од горе наведените јазици. При праќање на творбите нагласете за која категорија конкурирате - вели Верица Петровска, претседателка на “Симбиоза“.
Сите творби кои ги исполнуваат условите на конкурсот ќе бидат снимени во вид на електонска книга на ЦД под име ,,Симбиоза на планетата,, во неограничен број. По три награди “11 ноември“ во чест на ослободување на градот ќе се доделат во сите три категории и творбите ќе бидат печатени во групниот зборник 2015 година.
Заинтересираните повеќе информации ќе добијат на [email protected] или на профилот на “Симбиоза“ на социјалните мрежи.