Мени

Меѓународни стипендии предизвик и за кумановските средношколци

03.08.2011 13:55 | KumanovoNews

 Кумановските средношколци од прва и втора година ќе можат да го продолжат своето образование на тринаесет колеџи низ светот, доколку конкуриираат за стипендија на меѓународна организација Светските Обединети Колеџи.

Меѓународни стипендии предизвик и за кумановските средношколци

Конкурсот ќе биде распишан во септември, а ќе трае до први декември годинава.

"На последниот конкурс беа изберени тројца средношколци кои ќе студираат на колеџи во Хонг Конг, Италија и Мостар. Нивниот академски успех, личниот потенцијали персоналните вредности беа клучни при изборот. Меѓу нив е и гимназијалката од Куманово Јулија Миладиновска"- Дарко Глигоровски, член на Македонскиот Национален Комитет, кој учел на колеџот "Ли По Чун" од Хонг Конг.

По завршувањто на колеџите, се полага меѓународна матура со што се добива можност да се студираат на престижни универзитети.

 Македонскиот национален комитет до 2008 година бил под ингеренција на Министерството за образование и наука, но согласно стандардите националните комитети од различните држави, сега е под надлежност на своите поранешни ученици кои одлучуваат за апликациите. Претседатели на Светските Обединети Колеџи се Нелсон Мендела и кралицата Нур ал- Хусеин од Јордан.