Мени

Менкова колиба и Студена вода ќе се уредуват

09.05.2011 15:54 | KumanovoNews

 Општината Куманово и Фондацијата за култура и спорт "Куманово", денеска го презентираа проектот "Санација и реставрација на спомен –обележјата Менкова Колиба и Студена Вода".

Менкова колиба и Студена вода ќе се уредуват

Овој проект се реализира по иницијатива на Асоцијацијата на невладините организации, а по повод седумдесетгодишнината од излегувањето на Карадачкиот и Козјачкиот партизански одред.Според најавите на директорот на Фондацијата, Нино Величковски, проектот ќе се реализира во две фази: проценка на состојбата и санација на спомен облежјата.

"Овој проект го презентираме токму на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа и на овој начин сакаме да им оддадеме почит на учесниците од Антифашистичката борба "- рече Величковски.

Првичната презентација на проектот ја опфати сегашната состојба на двете спомен облежја од кумановскиот реон.

"Во првата фаза од проектот,собравме податоци за моментната состојба на двете спомен обележја кои се наоѓаат во незавидна состојба.На терен излегоа стручни екипи меѓу нив  претставници од музејот и од здружението на архитекти кои вршеа проценка на фактичката состојба на обележјата.Втората фаза од проектот предвидува санација и реставрација на спомен обележјата"- вели Наташа  Анастасовска, програмски соработник од Фондацијата за култура и спорт.

На презентацијата зборуваше и градоначалникот Зоран Дамјановски, кој нагласи дека локалната самоуправа секогаш ќе ги подржува проектите за зачувување на нашата историја и се заблагодари на сите учесници во проектот.