Мени

Мерење на шеќер во крвта во три села

05.07.2013 09:52 | KumanovoNews

Акција за бесплатно мерење на шеќер во крвта се прави денеска во селата Љубодраг, Умин Дол и Ново Село.

Мерење на шеќер во крвта во три села

Целта е да се развие свеста кај граѓаните за постоење на шеќерната болест и да се откријат луѓето кои боледуваат од болеста. Предавање оддржа д - р Аврам Ванковски, претседател на Сојуз на дијабетичари на Македонија и потоа имаше мерење на шеќер во крвта. Во Љубодраг од 47 присутни кај тројца е откриено дека имаат дијабетес - рече Драган Гачевиќ, претседател на Здружение на дијабетичари Куманово.

Оваа акција ја организира Сојузот на дијабетичари на Македонија заедно со кумановското здружение на дијабетичари.

Интернационалната федерација на дијабетичари оваа година се залага да се откријат болните од дијабетес преку едукација и прегледи.