Мени

Метеор го осветлил Куманово

14.08.2011 09:33 | KumanovoNews

По објавување на информацијата на Кумановоњуз дека граѓаните на Куманово, во понеделникот виделе светлосна топка над градот, до нашата редакција пристигна објаснување од Кумановското астрономско друштво Кокино.

Метеор го осветлил Куманово

Се работи за феномен кој се нарекува „болид“, што претставува запален метеор кој е веќе навлезен во нашата атмосфера и кој е запален и гори, додека целосно не согори или не паднат мали парчиња на површината. Најчесто е проследен со јака бела или жолта светлина, а понекогаш и со јак звук- соопштуваат од друштвото.

Астрономите објаснуваат дека исто така еднаш годишно, во ноќта помеѓу 12 и 13 август се случува и метеорски дожд Персеиди, кој е еден од почестите и поинтензивните метеорски дождови. Тој својот интензитет го достигнува во 01.часот по полноќ, кога паѓаат од 50-100 метеори на час.

Фотографиите и снимениот видео матерјал од годинешново набљудување на метеорскиот дожд, друштвото ќе го објави за пошироката јавност.

Сите заинтересирани граѓани повеќе информации можат да најдат на страната на друштвото.