Мени

Министерот Бајрами утре во Куманово

18.03.2011 14:51 | KumanovoNews

 Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, утре во 12.30 часот, ќе го посети ЈУ Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Куманово.

Министерот Бајрами утре во Куманово

 Повод е хуманитарната акција на претставниците на Владата на Република Македонија за доделување на облека и обувки во центрите за социјална работа низ градовите во Република Македонија и јавните установи во надлежност на Министерството за труд и социјална политика. Со министерот ќе дојдат и уште неколу претставници од Владата.