Мени

Миодраг Јовановски го фати крстот во Проевце

19.01.2013 12:48 | KumanovoNews

 Миодраг Јовановски (21) од населбата “Јане Сандански“ денеска  го фати крстот во базенот на “ФЗЦ“ во Проевце.

Миодраг Јовановски го фати крстот во Проевце

На Јовановски ова му е второ скокање и е многу среќен што успеа да го фати крстот.

 Посакувам здравје, среќа на себе и на секој друг што ќе проба и ќе го фати крстот. Многу среќа на сите. Желба ми е годинава да добијам синче. Да сме живи и здрави - кажа Јовановски.

На оваа локација триесетина верници околу 11 часот скокнаа по светиот крст. На настанот присуствуваше и министерот за образование Панче Кралев.