Мирна новогодишна ноќ во градот
01.01.2011 14:13
| KumanovoNews
Во Секторот за внатрешни работи Куманово, минатата ноќ биле пријавени само неколку нарушувања на јавниот ред и мир.
По полноќ, полицијата интервенирала по физички напади и тоа на: Градскиот плоштад, во дискотеката „Версај„ и населбата Пуковски. Во сите три случаи биле регистрирани тепачки помеѓу две малолетни лица, кои се здобиле со телесни повреди. Масовни тепачки немало. Исто така во текот на ноќата биле пријавени и два случаи: кршење на стакла на објекти. Излог на продавница во населбата Банево Трло, и влезна врата на куќа на улицат Перо Шварц.
Oд полицијата велат дека ноќта минала исклучително мирно и без посериозни инциденти.