Мени

Мирна новогодишна ноќ во Куманово

01.01.2013 13:59 | KumanovoNews

 Новогодишната ноќ во Куманово помина исклучително мирно. Во изминатите 12 часа, регистриран е само еден случај на труење со алкохол и една тепачка.

Мирна новогодишна ноќ во Куманово

Одамна не сме имале ваква мирна новогодишна ноќ. Немаше инциденти, ниту лица во алкохолизирана состојба, немаше сообраќајки, а со тоа и ние немавме многу работа. Утринава интервениравме по една тепачка и имаше едно алкохолизирано лице, кое го префрливме на интерното одделение-вели докторката Снежана Јовановска, од Брза помош.

И во СВР Куманово потврдуваат дека во текот на ноќта немало нарушување на јавниот ред и мир. Утринава околу 6.30 часот се случила тепачка пред казино на улицата „Киро Фетак„. Во тепачката учествувале 4 лица кои се пресметале поради нерасчистени должнички односи. Еден од повредените е задржан на лекување во кумановската болница. Тие што го претепале ќе одговараат за кривино дело насилство.