Мени

Младите на ЦИД во посета на колегите во Солун

30.06.2014 09:02 | KumanovoNews

Претставници на младите од 12 општини од земјава, утре ќе го посетат Куманово за да видат како функционира локалниот младински совет, а оттука ќе заминат за Солун заради истата цел.

Младите на ЦИД во посета на колегите во Солун

Со стекнатите искуства ќе формираат локални младински совети во своите градови.

  - Таму ќе имаме организирана посета на неколку институции и организации каде што младите ќе имаат можност да слушаат различни пракси околу формирање на локални младински совети, на каков начин во Грција фукционираат институциите, како самата Влада и држава ги поддржува младите. Да видат примери и кога ќе се вратат во своите градови да формираат свои младински совети кои ќе функционираат како тело кое е дел од самата општина - вели Лендита Ајдини, проект координатор во ЦИД.

Студиската посета е дел од проектот “Развој на локалното младинско учество и локални младински политики“ кој го реализираат ЦИД и МОФ со финансиска поддршка од ИПА фондовите.