Мени

Младите на ВМРО-ДПМНЕ однесоа помош за семејството Михајловски

26.01.2013 20:32 | KumanovoNews

 Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Куманово денеска однесе помош за семејството Михајловски, чија куќа изгоре во голем пожар.

Младите на ВМРО-ДПМНЕ однесоа помош за семејството Михајловски

Семејството живее на работ на егзистенција, корисник на социлајна помош, со месечни примања не поголеми од 2000 денари и секоја помош во овие моменти е повеќе од потребна и добредојдена. Во оваа денешна хуманитарна активност се вклучени сите млади луѓе од УМС ОК Куманово, подржувачи, симпатизери и граѓани на Куманово, кои донираат прехрамбени продукти, топла облека, како и парични средства, кои ќе му послужат на семеството Михајловски за купување на она што ми е најпотребно во овие тешки мигови. И за крај сакам да упатам едел апел со сите луѓе од нашиот град, претпријатија, фирми да излезат во пресрет на оваа семејство да помогне секој кој колку може, со било каква помош за да има и оваа семејство скромни услови за домување и живот, и да застане на здрави нозе- вели Срѓан Ивановски претседател на УМС.