Мени

Младите на ВМРО-ДПМНЕ со цвет им го честитаа празникот на жените

08.03.2011 14:05 | KumanovoNews

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ на градскиот плоштад, Денот на жената 8-ми март, го одбележаа со делење цвеќе на жените. На сите сограѓанки, независно од политичката и верска определба им поделија цвет и им го честитаа празникот.

Младите на ВМРО-ДПМНЕ со цвет им го честитаа празникот на жените

На симболичен начин сакаме да им го честитаме овој празник на нашите мајки, и воопшто на сите жени во градот.Со подарување на овој цвет сакаме да ја искажеме нашата почит кон нив, апелирајќи дека почитта и љубовта кон жените треба да ја искажуваме  секојденвно, а не само на овој ден - рече Бране Петрушевски, претседателна УМС на ВМРО-ДПМНЕ.