Мени

Младите со разговор да ги решаваат проблемите

19.02.2014 13:35 | KumanovoNews

Младите на возраст од 18 до 27 години од различни националности до 7 март можат да се пријават за учество на трибини и работилници кои ќе ги организираат повеќе невладини организации.

Младите со разговор да ги решаваат проблемите

 На трибините учесниците ќе дискутираат за надминувањето на меѓуетничките и воопшто сите други проблеми во општините и во општеството.

За се што имаат потреба младите треба да седнат на тркалезна маса, да разговараат и проблемите на тој начин да се решаваат. Младите се иднината на нашето општество, сакаме да ги обучуваме на најдобар начин, одговорно да се развиваат. Оние работи што ќе ги научат ќе ги спроведуваат секој во својата општина. Ќе учествуваат млади од сите националности. Во овој период ќе се формираат групите, инаку во една група треба да се вклучат 20 млади - вели Фатрије Арифи, претседател на невладината мултиетничка женска организација  „Линда“.

Во проектот се вклучени четири општини и тоа Куманово заедно со Липково, Тетово, Прилеп и Струмица. Учествуваат 4 невладини организации во партнерство ТГИ од Прилеп, ЛГБТ Јунајтед од Тетово, Организација на жени Струмица и “Линда“ од Куманово.