Mото-рели за Денот на независноста
Над 300 моторџии од Балканот и Европа, денеска продефилираа низ улиците на Куманово. На моторите се вееа македонски знамиња, па возачите на силните машини беа со воодушевување поздравени од граѓаните. полицијата го обезбедуваше движењето на моторите од влезот до излезот на градот.
Релито го организира Мотоциклистичката Федерација на Македонија и Сојузот на спортови на Скопје, по повод големиот јубилеј 20 години независна Република Македонија.
Денес, релито се вози на релација Скопје, Куманово, Свети Николе, Кочани, Берово, Струмица, Дојран. Утре на делницата Дојран, Гевгелија, Неготино, Кавадарци, Прилеп, Крушево, Битола и Охрид.
Во сабота ќе се продолжи со возењето низ Струга, Дебар, Маврови анови, а како крајна дестинација е повторно Скопје, од каде што и тргнаа.