Моторџии и пешаци ќе одат на сообраќајна поука
Изминатиот викенд полицијата спроведе превентивна акциска контрола на сите учесници во сообраќајот за почитување на сообраќајните правила и прописи.
При тоа било откриено дека 28 моторзии не носат кацига или не поседуваат возачка дозвола, а 21 пешак не ја минал улицата на предвиденото место.
Целна група беа возачи на велосипед со мотор, возачи кои не им даваат предимство на пешаци на пешачки премин и пешаци кои ја поминуваат улица надвор од пешачки премин и на црвено светло на семафор. За прекршителите не се изрекувани глоби и платни налози туку им се врачувани покани за задолжително учество на сообраќајна поука соодветна на прекршокот- вели Виолета Богдановска, началник во оделот за превенција.
Целта на акцијата било да се влијае на јакнење на свеста кај граѓаните и возачи и пешаци за безбедно учество во сообраќајот.Акцијата продолжува и во наредните денови.
За откриените прекршители на законот е предвидена сообраќајна поука за возачи и пешаци, која ќе се одржи во простории на СВР Куманово.