Моторџиите со помош за децата со хендикеп
Членовите на Мото клубот "Индиан" од Куманово денеска го посетија Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост "Порака Наша" и доделија парични средства.
Средствата ќе се искористат за организирано патување на корисниците на спортско-рекреативна манифестација во Струга што ќе се одржи на почетокот на јули.
"Парите ги собравме на неодамна одржаниот мото собир и одлучивме да ги доделиме на лицата со интелектуална попреченост"- вели претседателот на клубот Емил Трајковски.
Ова е прва соработка на мото клубот и дневниот центар, кој ќе продолжи и во иднина.
Дневниот центар го посетуваат околу 30-тина лица со интелектуална попреченост,а вкупно на територијата на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане имаме 813 членови"- рече Благица Димитровска,претседател на "Порака наша".
Во дневниот центар со лицата со интелектуална попреченост работи стручен тим. Главната цел е ресоцијализација на лицата и нивна интеграција во општеството.