Мени

Мулти-Култи ги награди најдобрите млади новинари

09.05.2013 14:36 | KumanovoNews

Кристина Краљевска од Куманово, студент на новинарство доби втора награда на конкурсот “Европа во моето маало“, кој го распиша младинското радио Мулти - Култи.

Мулти-Култи ги награди најдобрите млади новинари

Првата награда ја освои тимот на Креактив од Кавадарци, а трета е Рената Митрева од Штип.

Краљевска во својот радио прилог ги истражувала односите помеѓу Македонците и Албанците во Куманово.

Дојдов до некои интересни заклучоци, а тоа е дека Македонците и Албанците се дружат, но тие не излегуваат на исти места, учат во одделни училишта, немаат допирна точка и се чувствува сеуште мала тензија. За разлика од порано тензијата меѓу младите е значително намалена-изјави Краљевска.

Магдалена Маневска, координатор на Мулти - Култи радио вели дека мал број од пристигнатите прилози на конкурост се изработени од кумановци, а повеќето пријавени новинари аматери биле од други градови.

Тоа говори за апатичноста на кумановската младина. Сите прилози беа на различни теми, некои претставуваа различни песни од различни земји, некои говореа на различни јазици, други говореа за нивните дијалекти, трети за меѓуетничките односи како најважна алка за приклучување кон ЕУ - рече Маневска.

Конкурсот беше распишан во чест на Денот на Европа.