Мени

Мулти-култи со нови простории

28.06.2011 09:45 | KumanovoNews

 Младинскиот Центар MULTI-КУЛТИ утре ќе отвори нови простории на урбана заедница „Тоде Мендол„ на улицата Вук Караџиќ. Отварањето е закажано во 12.00 часот.

Мулти-култи со нови простории

Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово веќе втора година работи на  реализација  на проектот „Подобрување на меѓуетничкиот дијалог и комуникација“, кој е поддржан од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје како дел од заедничката Програма на ОН „Подобрување на меѓукултурен дијалог и соработка помеѓу заедниците“, финансирана од Шпанската влада преку Фондот за остварување на Милениумските развојни цели (МДГ-Ф). Цел на проектот е создавање на услови за одржлив меѓуетнички дијалог преку поттикнување на меѓукултурното учење и комуникација меѓу децата и младите од основните и средните училишта.