Мулти-култи со нови содржини за младите
02.09.2011 12:48
| KumanovoNews
Младински Центар Multi Култи продолжува со реализација на проекти за младите и во наредниот период.
Новата сезона започнува со активности во кои е содржана креативност и простор за изразување. Оваа есен Мulti-Култи за учениците од средните и основните училишта ги нуди следниве активности: курсеви за медиуми и новинарство, театар и драма, работилница за млади активисти, креативни и уметнички работилници, курс по англиски јазик,рачна изработка на накит и украсни предмети, програма за цртање уметнички дела.
Проектите на Здружението “Центар за меѓукултурен дијалог”, се реализира со подршка на УНИЦЕФ, преку заедничката програма “Подобрување на меѓу-етнички дијалог и соработка”.