Мени

На Бадник и Божиќ богослужби во црквите

04.01.2013 09:52 | KumanovoNews

Во двете цркви во Куманово, Свети Никола и Света Тројца, на Бадник и Божиќ ќе се одржат повеќе богослужби.

На Бадник и Божиќ богослужби во црквите

На 6 јануари, Бадник во 15 часот попладне ќе има вечерна богослужба и св.божествена литургија, по што ќе следи палење на бадниковото дрво, а верниците ќе бидат послужени со топла ракија, чај, ореви, костени.

На 7 јануари, Рожденство христово во 7 часот наутро ќе има богослужба, а во 9 часот ќе има свечена рожденствена литургија со која ќе чиноначалствува Екископот Лешочки г.Јосиф во црквата Света Троица.

На 8 јануари во 7 часот наутро ќе се оддржи богослужба и света литургија.