Мени

На две улици нема вода

18.12.2012 09:12 | KumanovoNews

 Утринава водоснабдувањето е прекинато на две улици во градот поради дефекти на водоводните цевки.

На две улици нема вода

Без вода се граѓаните кои живеат на улиците “Перо Чичо“ и “Димче Јовчев“. Екипи на ЈП“Водовод“ веќе се излезени на терен и работат на санирање на дефектите. Се очекува за неколку часа снабдувањето со вода да се нормализира.