Мени

На Градскиот кеј се садат рози

29.11.2012 12:09 | KumanovoNews

 Градскиот кеј е побогат за 90 садници рози и 50 грмушки, а планирано е во наредниот период оваа локација да добие вкупно 300 нови садници.

На Градскиот кеј се садат рози

Нови жардињери ќе бидат засадени на булеварите “Трета МУБ“ и “Октомвриска револуција“. Од ЈП “Чистота и зеленило“ велат дека во зимскиот период садниците не напредуваат, туку само се закоренуваат. За да се заштитат од мраз цвеќињата се нагрнуваат со земја, а гранките од дрвцата и грмушките се врзуваат за да не се искршат при паѓање на снег.

На улиците “Драган Стопаревиќ“ и “Моша Пијаде“ ќе бидат отстранети гранките од дебелите дрва кои се не безбедни и можат да се скршат, да оштетат возила и слично.