Мени

На Градскиот плоштад одбележан Денот на независноста

08.09.2013 10:56 | KumanovoNews

Со положување на цвеќе пред споменикот „Жена борец“ на Градскиот плоштад денеска беше одбележан 8 Септември - Денот на независноста на Република Македонија.

На Градскиот плоштад одбележан Денот на независноста

Пред споменикот се поклонија делегации од Општина Куманово, општинскиот совет, политичките партии, јавните претпријатија, училиштата, невладините организации, борците и други.

Претседателот на Советот на Општина Куманово, Максим Димитриевски говореше за 8 септември 1991 година, денот кога граѓаните на Македонија на Референдум се изјаснија дека сакаат самостојна и суверена држава. Тој кажа дека во тој период македонскиот народ направил мудар потег и без конфликт се изборил за независност од тогашната СФРЈ.

8 Септември има голема симболика кај сите Македонци и кај сите останати кои што живеат во Република Македонија, а тоа се Албанците, Србите, Ромите, Власите со кои што ја градевме ова мала, но чесна држава. Би го искористил овој момент да испратам една силна порака до сите граѓани на нашата општина. Како што нашите елити во моментов ги бодрат нашите кошаркари на спортските терени, да го искористиме овој момент да влеземе во едно национално обединување, се во еден општ интерес, за нашата држава, нашиот народ и нашата целовитост. Факт е дека низ историјата Македонија се соочувала со големи територијални претензии од страна на нашите соседи и тоа прашање за жал и ден денес сеуште провејува. Одговорноста е тука пред нас и пред генерациите што следат. Сите заедно, сплотено без разлика кој на која етничка заедница и припаѓа во овој мултикултурен град како што се одваживме далечната 1941 година, така ќе бидеме и денеска да ја зачуваме нашата целовитост - изјави Димитриевски.

Тој порача патриотизмот да биде ставен во функција на просперитет на Македонија и на сите граѓани им го честиташе празникот.