На пет улици прекинато водоснабдувањето
03.06.2013 08:18
| KumanovoNews
На пет улици во градот утрово поради дефекти во водоводната мрежа снабдувањето со вода е прекинато.
Вода нема на улиците “Партизанска“, “Никола Тесла“, “Т.Јовановски“, “Власто Радоњанин“ и “Фетка Наскова“.
Вработените на ЈП “Водовод“ за неколку часа ќе ги санираат дефектите.