На Ромите им треба вработување
По повод Светскиот дена на Ромите, невладината организација “Англунипе“, денска одржа трибина на која потсети дека во Декадата на Ромите има напредок во образованието на ромската популација, но недостига здравствена заштита и вработувања.
Процентуалната застапеност не е опфатена по Рамковниот договор и вие сте сведоци дека во локалната администрација нема ниту еден Ром вработен. Нека биде ова еден апел да преземе мерки локалната самоуправа да Ромите бидат повеќе застапени како етникум. Домувањето е една голема болка кај Ромите. Знаете тие живеат во гето населби, каде се збиени и секој сантиметар го користат да имаат повеќе простор. За Ромите конкретно во Куманово, па и во Македонија социјални станови сеуште нема - вели Мерџан Демирали, претседател на “Англунипе“.
Тој им порачува на Ромите да се борат за своите права и да бидат единствени.
На трибината во Центарот за култура беше кажано дека во светот живеат 12 милиони Роми, а во Македонија ги има над 53 илјади.