Мени

На Спомен костурницата ќе нема прослава на 8-ми Септември

05.09.2011 14:41 | KumanovoNews

 Поради демолирањето на дел од Спомен-костурницата на паднатите борци од НОБ, локалната самоуправа ја откажа годинешнава прослава и положување на цвеќа по повод 20-годишнинта од независноста на Република Македонија.

На Спомен костурницата ќе нема прослава на 8-ми Септември

На мое жалење, како и на најголемиот број кумановци, оваа година не можеме да организираме прослава и положување на цвеќе, поради тоа што варварите  ја оштетија Спомен костурницата. Тие луѓе не му мислат добро на градот, бидејќи тоа местото каде што се добележуваат сите познати и признати датуми од македонската историја-рече градоначалникот Зоран Дамјановски.

За вандализмот на костурницата е известено Министерството за култура од каде се очекува да се преземат соодветни мерки. Општината е подготвена да учествува во обновувањето на споменикот и негово обезбедување, за да не се повтори нецивилизираното однесување на поединци.