Мени

На Табановце се чека половина час

20.07.2011 09:52 | KumanovoNews

 Зголемена е фреквенцијата на возила на патниот правец Е – 75 од Табановце кон Богородица, информираат од Авто- мото сојузот на Македонија.

На Табановце се чека половина час

На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата е 30 минути, поради зголемената фреквенција на возила. На Меџитлија и Дојран  времето на чекање е околу 15 минути.

Од АМСМ на возачите кои планираат да тргнат на подолг пат, им советуваат доколку се во можност, тоа да го сторат во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот.