На Табановце запленети 40 штеки цигари
04.08.2014 12:21
| KumanovoNews
Четириесет и една штека цигари со македонски акцизни маркички деновиве се запленети на граничен премин Табановце автопат.
Цигарите се најдени во автомобил со бугарски таблички, управуван од македонски државјанин пријавен за излез од државата. Штеките цигари биле скриени во куфер и под седиштата на автомобилот.