На три улици дефекти на водоводната мрежа
28.01.2013 09:00
| KumanovoNews
Водоснабдувањето утрово е прекинато на три улици во Куманово.
Без вода се граѓаните од улиците “Октомвриска револуција“, “Михајло Пупин“ и “Владимир Назор“. Во сите три случаи се регистрирани дефекти на водоводните цевки. Во најкус можен рок дефектите ќе ги отстранат вработени во ЈП “Водовод“.
Во другите делови на градот прекини во снабдувањето со вода не се забележани.