На Велигденскиот саем собрани 1000 евра
16.04.2014 12:35
| KumanovoNews
На Велигденскиот саем кој вчера се оддржа на Градскиот плоштад собрани се 67. 600 денари, кои ќе бидат донирани за лекување на Никола Вулетиќ.
Организатор на продажниот саем беше основното училиштето “Кочо Рацин“.
Акцијата беше успешно реализирана. Најголема заслуга имаат учениците, нивните родители и роднините, кои дојдоа во голем број. Слаб одзив имаше од граѓаните и сметаме дека требаше повеќе да се вклучат, бидејќи се работи за хуманитарен настан, - вели Драгиша Цветковиќ, директор на “Кочо Рацин“.
На саемот се продаваа рачноизработени украси и корпи за Велигден.