На Водици “Пивтијада“
По 11 пат, во ресторанот “Грација“ во сабота ќе се оддржи кумановската “Пивтијада“.
На манифестацијата ќе се избира најдобра пивтија и ќе следува богата културно - забавна програма.
Ново е тоа што оваа година манифестацијата ќе се оддржува еден ден, на Водици,бидејќи е неработен ден. Разликата е во тоа што на овој ден ќе се јадат пивтии, ќе се јаде мрсно, сланина и ќе има културно - уметничка програма заедно со натпреварувачки дел. Ќе има околу 15 натпреварувачи, ќе бидат доделени златна, сребрена, бронзена медалја за првите три места. Кум е генералот во пензија Киро Галазовски. Порано обично еден ден ги варевме, а утредента беше дегустација. Поради смртта на нашиот член Драгиша Димитријевски - Шипе, одлучивме да имаме скратена програма - изјави Зоран Павловски, претседател на Мултимедијален центар “Карпино“.
На “Пивтијада“ се очекуваат 200 гости. Ќе настапи КУД “Панче Пешев“ и пензионерите од Здружение на пензионери Куманово. Манифестацијата ќе ја отвори градоначалникот Зоран Дамјановски, а утрото пивтии ќе бидат поделени на рибарите од Спортско - риболовно друштво “Пчиња“ и во црквата “Свети Ѓорѓи“ кај градските гробишта. Во понеделник пивтии ќе бидат поделени на децата со посебни потреби од Дневниот центар кај Чик.