Мени

На Водици верниците ќе скокаат по светиот крст

14.01.2013 09:59 | KumanovoNews

На Водици во сабота, светиот крст ќе се фрла во базенот на ФЗЦ и во двата базени кои се наоѓаат во дворовите на старата и новата црква.

На Водици верниците ќе скокаат по светиот крст

Свештениците од двете цркви во градот велат дека верниците нема потреба однапред да се пријавуваат за сокање по крстот на Водици, туку на самиот празник треба да дојдат во овие верски храмови.  

Во црката “Свети Никола“ велат дека список годинава не се прави, а граѓаните кои ќе се фрлаат по крстот треба да дојдат ранонаутро на литургија и по 10 часот ќе се фрла крстот во базенот кој се наоѓа во дворот.

Свештениците од црквата „Света Троица“ објаснуваат дека околу 9 часот мажите кои ќе скокаат по крстот треба да дојдат во црква и крстот ќе се фрла во нивниот базенот во дворот. Тие велат дека најголема награда за оној кој ќе го фати крстот е среќа, здравје, бериќет од Бога, но ќе има и вредни награди.