На зелениот пазар запленети тренерки, маици, парфеми
Во акција на пазарната инспекција и полицијата, денеска на Зелениот пазар во Куманово, беше запленета поголема количина на фалсификувана текстилна стока и козметички производи.
Се работи за трговските марки Пума, Адидас, Најк, Армани, Бос и други, кои се најдени на 12-13 тезги на пазарот. Кон прекршителите ќе бидат поднесени пријави за повреда на индустриската сопственост. Ова се наши редовни активности, иако е време на годишни одмори, и сакаме да упатиме порака до сите што се занимаваат со повреда на интелектуалната сопственост, дека мора да го почитуваат законот, се со цел да профункционира правниот систем и правната држава, - вели Мите Костов од Координативно тело за заштита на интелектуална сопственост.
Истовремено инспекторите на Државниот инспекторат изврши контроли на три кабловски телевизии, 5 здравствени амбуланти и пет геодетски бироа, но не биле откриени нерегуларности во работењето.