Мени

“Наце Буѓони“ доби партнер училиште од Велес

21.01.2014 14:36 | KumanovoNews

Училиштето “Наце Буѓони“ пред распустот склучи договор за партнерство со средното техничко училиште “Коле Неделковски“ од Велес.

“Наце Буѓони“ доби партнер училиште од Велес

Планираме заеднички активности, спортски игри, квизови со цел да се дружат ученици од повеќе националности. Ние пред Нова година бевме кај нив, а во февруари тие доаѓаат во посета на нашето училиште. Соработката ја реализираме во рамки на проектот за меѓуетничка интеграција на УСАИД - изјави Лидија Михајловска, директорка на “Наце Буѓони“.

Досега “Наце Буѓони“ има училишта партнери од Ниш и од Бурса, а ова е прво партнерство со домашно училиште.