“Наце Буѓони“ се претстави на “Робомак 2013“
Средното техничко училиште “Наце Буѓони“ викендов во Домот на АРМ во Скопје се претстави со наградени трудови од лани на меѓународниот натпревар за роботика и вештачка интелигенција “Робомак 2013“.
Александар Милановски од машинската струка со менторот Златко Гиновски го презентираше трудот Хидраулична рака со која на два државни натпревари лани освои две први места. Милан Зафировски од електротехничка струка со менторот Виктор Михајловски презентираше труд Лед дисплеј - лед коцка со кој лани зема две први награди на државни натпревари.
Училиштето не се натпреваруваше, туку беше претставено со своите најуспешни трудови со кои лани освоивме четири први места. Имаше над 300 гледачи и можам да кажам дека нашите трудови беа доста атрактивни, целата публика ни даде поддршка со аплауз. Ние сме единствено училиште кое се претстави на овој натпревар за студенти - вели менторот Златко Гиновски.
На натпреварот учествуваа студенти од 16 земји и ги презентираа своите трудови.