Мени

Националниот ден на Власите неработен за влашката заедница

19.05.2014 09:48 | KumanovoNews

На 23 мај се одбележува Националниот ден на Власите и по тој повод петок е неработен за припадниците на влашката етничка заедница.

Националниот ден на Власите неработен за влашката заедница

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на Република Македонија, 23 мај 2014 година (петок), Националниот ден на Власите, е неработен ден за граѓаните  припадници на влашката заедница.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на влашката заедница им го честита Националниот ден на Власите.