Мени

Над 100 кумановски деца на бесплатен одмор

23.07.2014 08:26 | KumanovoNews

134 деца од Куманово ќе летуваат во Струга на трошок на државата.

Над 100 кумановски деца на бесплатен одмор

   Од Куманово аплицирале 134 лица, досега заминале 50, а останатите ќе ги вклучиме во следните смени - вели Марјан Гијовски, портпарол на Министерство за труд и социјална политика.

 Бесплатен одмор во траење од седум дена ќе искористат децата без родители, децата од социјално загрозени семејства, приматели на постојана парична помош, детски и посебен додаток.

На ниво на држава бесплатен одмор ќе искористат околу 2000 деца од овие категории.