Над 20.000 кумановци не аплицирале за ЕЗК
27.07.2013 08:08
| KumanovoNews
Над 20.000 осигуреници од Куманово не поднеле барања за добивање на здравствени електронски картички.
Од 110.000 активни осигуреници во подрачната служба Куманово, барања за електронски здравствени картички имаат поднесено 82,3 отсто или 90.530 лица до 26 јули. Секој ден се зголемува бројот на барања и очекуваме до крајот на летото бројката да се искачи над 90 отсто - вели Бранко Аџигогов од Фондот за здравствено осигурување на Македонија.
За старите и изнемоштени лица се овозможува да извадат картички без лично да доаѓаат до просториите на ФЗО.