Мени

Над 20 адвокати ќе даваат бесплатна првна помош

05.08.2014 08:19 | KumanovoNews

26 адвокати од Куманово се евидентирани во регистарот на Министерството за правда за давање на бесплатна правна помош.

Над 20 адвокати ќе даваат бесплатна првна помош

Од Министерство за правда објаснуваат дека само со издадено решение од кај нив може да се користат услуги кај наведените адвокати.

  - Ако странката ги исполнува условите и добие решение од Министерство за правда за бесплатна правна помош, тогаш со изјава одлучува кај кој адвокат ќе користи услуги. Тој адвокат и дава совети и може да ја застапува странката, но основен услов е да е во регистарот, вон регистарот не може да се избере адвокат. Трошоците за бесплатната правна помош ги покрива државата - велат од Министерство за правда.

Регистарот со адвокати кои даваат бесплатна правна помош се ажурира секоја година и се дополнува со нови имиња.