Мени

Над 60 производители на мед во кумановско

24.05.2013 12:10 | KumanovoNews

 Од Здружението на пчелари “Пчела“ велат дека над 60 нивни членови, производители на мед добиваат субвенции од државата, бидејќи поседуваат минимум 35 пчелни семејства.

Над 60 производители на мед во кумановско

Сега чекаме да се отвори рокот за аплицирање на субвенции, да почне броењето на пчелни семејства. Помошта е добредојдена, се прават контроли и пчеларите сериозно ја сфатија работата. За секое пчелно семејство добиваме по 500 денари, а пчеларите од неразвиените села или жени одгледувачи на пчели добиваат по 600 денари - објаснува Бранко Тасевски, претседател на “Пчела“.

Медот пчеларите го продаваат во Куманово, Штип и Скопје каде се откупуваат големи количини.

Тасевски вели дека граѓаните сакаат да живеат здраво и затоа се почесто конзумираат мед.